Насловна
Денес во спортската сала „Независна Македонија“ ќе се одржат три одбојкарски натпревари.
Имено, вечерва ќе се одигра тромеч во женска одбојка на кој силите на теренот ќе ги одмерат сениорските тимови на ОК ЈАНТА ВОЛЕЈ од Кисела Вода, ОК НАКОВСКИ ВОЛЕЈ од Струмица, како и ОК ПАНДА од Врање, Република Србија.
Натпреварите ќе одиграат по следниот распоред:
- 18:15 ОК ПАНДА - ОК НАКОВСКИ
- 19:30 ОК ЈАНТА ВОЛЕЈ - ОК ПАНДА
- 20:45 ОК ЈАНТА ВОЛЕЈ - ОК НАКОВСКИ
- За вечерашниот тромеч можам да кажам дека е добра увертира на пролетниот дел од сезоната која треба да започне на 25.02.2018 година. Нашата екипа макотрпно се припремаше и ги одработи тренинзите во паузата па сега е добро време за уигрување на екипата. Да ги видиме нашите аномалии и да ги поправаме за да можеме да останеме во горниот дел од табелата, каде моментално сме трето место и да го подобриме, како би можеле да имаме подобра ПЛЕЈ ОФФ стартна позиција. Се надевам дека и оваа година како и предходните четири ќе се бориме за шампионската титула и титулата КУП на Република Македонија. Добро ќе ни дојде спарингот со ОК Панда од Врање и ОК Наковски од Струмица.
Ние како клуб континуирано работиме и со младите категории и таму сакаме да го поправиме минатогодишниот скор во кадетска и пионерска конкуренција каде што бевме трети, да бидеме како младинките кои беа шампиони на Република Македонија. Работиме со многу млади генерации кои треба да нараснат и созреат за селекциите и првата екипа.
Се тоа со несебична помош од Општина Кисела Вода и одделението за Спорт кои ни овозможија максимум во условите за работа и тренажен процес. Го работиме заеднички проектот Спорт т.е. ОДБОЈКА за секое дете, каде може да се пофалиме со голема масовност каде земаат членство над 60 тина деца девојчиња. Се надевам на продолжување на соработката и напредување во секој поглед како во масовност така и во квалитет.
Исто така можам да кажам дека ќе ги помогнеме и активностите на реактивираниот Училишен Спорт и ќе имаме квалитетни меѓу училишни натпревари од каде ќе ги црпеме непресушните ресурси за селекциите во клубот, изјави тренерот на женскиот одбојкарски клуб „ЈАНТА ВОЛЕЈ“, Горан Јаневиќ - Јанта.
Инаку, вечерашните пријателски натпревари се подготовка за продолжување на сезоната во пролетниот дел и пласман во ПЛЕЈ ОФОТ.