Насловна
Општина Кисела Вода информира дека утре од 8:30 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од Северната зона Југ, Бул. „Борис Трајковски“ од крак 2 до крак 10, „Супер Тинекс“, „Рамстор“ и бензиската пумпа, како и дел од ул.„Христо Татарчев“ и населбата.
Од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје известуваат дека прекините со водоснабдувањето ќе бидат поради уличен дефект на ул. „Христо Татарчев“ бб, кај кружниот тек и ќе траат се до завршување на работните активности.