• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Се расчистуваат снежните наноси низ Општина Кисела Вода

Се расчистуваат улиците низ Општина Кисела Вода од снежните наноси.

 

Од вчера, од 18 часот, работниците на фирмата “Анизор”, ангажирана од страна на општина Кисела Вода, заедно со сезонските работници, беа излезени на терен во текот на ноќта, а нивните активности продолжија и од 4 часот утринава и ќе траат во текот на целиот денешен ден.

Градоначалникот Филип Темелковски, синоќа беше на терен на повеќе локации каде беше потребна засилена интервенција заради справувањето со снежните наноси. Со помош на камиони, со механизација за расчистување на снегот, беа фрлени околу 20 тони сол.

Интензивно се работи на расчистување на просторот околу градиниките и основните училишта, се интервенира и на автобуските постојки. Секторот за месна самоуправа, преку своите канцеларии во месните и урбаните заедници е во директна комуникација со жителите на овие делови од Општината и реагира на нивните пријави, согласно со условите на теренот. Кризниот штаб на Општина Кисела Вода е во постојана координација и со службите на ЈП “Улици и патишта” кои ги расчистуваат главните улици.

Општина Кисела Вода апелира до сите жители на оваа територија да го расчистат снегот пред своите дворови  и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите. Потсетува и на законската обврска на деловните субјекти и сопствениците на јавни објекти за расчистувањето на снегот пред влезот на истите. Воедно, истите се замолуваат  исчистениот снег да не го фрлаат на улиците и со тоа да ја отежнуваат работата на нашите служби.

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес, во паркот Шопен се одржаа спортски активности и ликовен хепенинг https://t.co/VJLpCjgz9Y
15hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре Драчево ќе биде без вода https://t.co/N2wIwdNVdJ
O_KiselaVoda Во Општина Кисела Вода се одржа ОТВОРЕНА ТРИБИНА со градоначалникот Филип Темелковски https://t.co/R2ukkZQBvR