Насловна
Од утре почнува циклусот посети на градоначалниккот Филип Темелковски на месните и урбаните заедници во Општина Кисела Вода. На средбите со граѓаните тој директно од нив ќе може да ги слушне проблемите, како би можело навремено да се интервенира за нивно решавање доколку се под ингеренции на локалната самоуправа. Воедно ќе може и да се дискутира околу идеите и предлозите што жителите ги имаат во врска со подобрување на условите во кои живеат.
Првата средба ќе ја има утре, среда, (28.02.2018) со жителите на селото Драчево. Истата започнува во 19 часот во ООУ “Св. Климент Охридски”. По завршувањето на истата, ќе биде извршен и избор на совет за месната заедница. Распоредот на останатите посети е следниот:
01.03.2018, Населба Драчево. Место на одржување: УЗ “Бобан Трпков”. Почеток во 19 часот.
02.03.2018, УЗ Пинтија. Место на одржување: Во просториите на УЗ, почеток во 18 часот.
05.03.2018, МЗ Усје, Место на одржување: Во училиштето , почеток во 19 часот.
06.03.2018, 11 Октомври Бараки, Место на одржување: во просториите на УЗ, почеток во 19 часот
07.03.2018, УЗ Припор. Место на одржување: Барака7, Општина Кисела Вода, почеток во 19 часот.
08.03.2018, УЗ Кисела Вода, во ЦОУ Круме Кепески, почеток во 18 часот.
09.03.2018, 11 Октомври Згради. Место на одржување: Барака7, Општина Кисела Вода, почеток во 19 часот.
12.03.2018, УЗ Цветан Димов. Место на одржување: Барака7, Општина Кисела Вода, почеток во 19 часот.
13.03.2018, УЗ Бирарија. Место на одржување: Барака7, Општина Кисела Вода, почеток во 19 часот.
14.03.2018, УЗ Црниче . Место на одржување: во просториите на УЗ, почеток во 19 часот.
15.03.2018, УЗ Пржино . Место на одржување: во просториите на УЗ, почеток во 19 часот.
16.03.2018, МЗ Подстаница . Место на одржување: во просториите на МЗ, почеток во 19 часот.
19.03.2018, МЗ Стаклара Каменик . Место на одржување: во Училиштето (Усје), почеток во 19 часот.
20.03.2018, УЗ Расадник. Место на одржување: ЦОУ “Круме Кепески”, почеток во 19 часот.