Насловна
Во рамки на редовните посети на месните и урбаните заедници, секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски заедно со дел од советниците и тимот составен од раководителите на стручните служби од општината остварија средба со жителите на МЗ Пинтија.
На оваа средба граѓаните имаа можност да ги презентираат потребите и проблемите со кои се соочуваат во овој дел од локалната самоуправа, како и да дадат свои предлози за надминување на истите. Имено, секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски присутните граѓани ги инфомираше дека во периодот што следи, се што е предвидено согласно програмата на Општина Кисела Вода ќе биде реализирано.
Покрај ова, беше извршен и избор на совет и претседател на МЗ Пинтија. Жителите на Пинтија за свои претставници во советот на месната заедница ги избраа: Перица Крстевски, Велика Трајаноска,Татијана Цветковска Петровска, Горан Ристевски,Тодорка Љондова,Тони Василевски и Александар Дачевски. Воедно, членовите на новиот Совет на МЗ Пинтија за претседател го избраа Перица Крстевски.
Средбите со граѓаните продолжуваат и оваа работна недела. Вечерва ќе се одржи средба со жителите на МЗ Усје, со почеток во 19 часот.