• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Градоначалникот Темелковски оствари средба и со жителите на МЗ Припор

Вчеравечер градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски одржа состанок со жителите на месната заедница Припор. Градоначалникот Темелковски и на оваа средба беше придружуван од страна на секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски, советници,  дел од тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, како и претставници од полициската станица Кисела Вода.

Жителите на Припор на синоќешната средба пред градоначалникот имаа можност да ги претстават проблемите со кои се соочуваат, како и нивните барања за подобрување на условите за живот во овој дел од локалната самоуправа.

Градоначалникот Темелковски ги информира граѓаните дека Општина Кисела Вода продолжува со тековните активности на својата територија. Покрај ова тој информираше дека локалната самоуправа од средината на овој месец ќе започне со градежни активности. Како приоритет на овие активности тој ја наведе реконструкцијата на ул.14, како и изградбата на потпорни ѕидови на истата. Покрај ова на средбата беше нагласено дека во периодот што следи ќе бидат преземени повеќе работни активности како  реконструкција на ул. 22 и изградба на канал во Бабин Дол на ул. 14 .

Градоначалникот истакна дека за проблемот кој жителите го имаат со фекалната канализација ќе биде побарана финансиска поддршка и од Владата на Репуболика Македонија.

Воедно, тој ги повика жителите на Припор на кои им беа одбиени барањата за легализација да достават елаборати и истите да го запазат рокот и повторно да поднесат барање за легализација. Имено, градоначалникот потсети дека социјално ранливите категории на граѓани елаборатот ќе можат бесплатно да го изготват во Катастар.

На крајот од оваа средба градоначалникот Филип Темелковски нагласи дека во неговиот мандат Општина Кисела Вода ќе се развива подеднакво за сите граѓани и во руралниот и во урбаниот дел.

Присутните граѓани на оваа средба избраа свои претставници во Советот на месната заедница Припор. На истата за нови челнови беа избрани: Перо Велковски, Благоја Велјановски, Ѓорѓи Ацковски, Лилјана Јанковска, Весна Ристовска, Бранко Ѓуровски и Сашо Спасовски. За претседател на Советот на МЗ Припор беше избран Ѓорѓи Ацковски.

Вечерва градоначалникот Темелковски ќе се сретне и со жителите од урбаната заедница Кисела Вода. Истата ќе се одржи во ЦОУ Круме Кепески, со почеток во 18 часот.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Во основните училишта во Кисела Вода почна кампања за спречување на последици од употреба на пиротехнички средства https://t.co/EONRyqv2to
22hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски се сретна со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние https://t.co/2qa6aG05y7
23hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Сениорките, младинките и кадетките на ЖКК „Бадел 1862“ имаа победнички викенд https://t.co/TmDgW05Jbv