• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

  • Општина Кисела Вода сади нови 67 дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови 67 разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.

 

 

Насловна

Денес и утре неколку спортски настани во Кисела Вода

Жителите на Општина Кисела Вода, како и сите љубители на спортот денес и утре ќе имаат можност бесплатно да проследат повеќе спортски нaтпревари. Овој викенд во Кисела Вода ќе се игра ракомет и кошарка. Покрај ова, публиката ќе има можност да ужива и во боречките вештини на повеќе каратисти, кои ќе допатуваат од неколку држави.

За почеток на овој спортски викенд, денес во 10:00 часот свечено ќе биде означен почетокот на  Меѓународниот карате турнир „Фунакоши опен“. Истиот ќе се одвива во спортската сала „Архиепископ Доситеј“.

- Многу сум радосен што овој викенд во нашата општина се одржуваат неколку спортски настани. Верувам дека и во иднина заедно со градоначалникот Филип Темелковски и Општина Кисела Вода успешно заеднички ќе го развиваме спортот, ќе се стремиме кон тоа да бидеме поуспешни од сите општини. Сакам уште да додадам дека на 20 март започнуваме со училишните лиги, на кои момчињата ќе играат кошарка и фудбал, а девојчињата одбојка, изјави Јовица Ефтовски, претседател на општинскиот сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода.

Имено, денес во спортската сала „Независна Македонија“ во рамки на четвртотто коло од сениорската женска кошаркарска лига силите на теренот ќе ги одмерат екипите на ЖКК БАДЕЛ 1862 - Скопје, од Кисела Вода и ЖКК ПЕЛИСТЕР А.Д. од Битола. Одигрувањето на овој дерби натпревар ќе започне во 14:00 часот.

-Нашиот клуб е фаворит на овој натпревар и очекуваме победа, со што би се поткренала натпреварувачката форма и самодовербата по изгубеното финале на Купот на Република Македонија. Овој оптимизам го градиме врз основа на повисокиот квалитет на нашиот клуб и секако фактот што сме лидери на табелата со 10 победи од десет натпревари, и максимални 20 бодови, два повеќе од второ пласираната екипа на ЖКК ВАРДАР-Скопје, изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК Бадел 1862.

Денес во рамки од 12 - тото коло од државната лига жени, девојките од одбојкарскиот клуб Јанта Волеј од Кисела Вода гостуваат во Битола, каде на теренот ќе им се спротивстават на одбојкарките од клубот Пелистер.

Исто така, денес екипата на КК Ангели – Младинци 18 од Кисела Вода на гостински терен ќе се сретне со екипата на КК Чаир. Натпреварот е со почеток во 16:00 часот. Додека, веќе во четврток кошаркарите на клубот Ангели – Младинци 16 ќе играат на домашен терен против екипата на Водно Санс. Почетокот на овој натпревар е закажан за во 19:00 часот и истиот ќе се одигра во спортската сала „Независна Македонија“.

Воедно, за крај на богатиот спортски викенд, утре ќе се одиграат уште два спортски натпревари. Љубителите на ракометот ќе имаат можност да го проследат натпреварот помеѓу екипите на РК Металург Јуниор и РК Риниа М. Почетокот на овој натпревар кој ќе се игра во спортската сала на ОУ „Круме Кепески“ е закажан за во 12:30 часот.

Потоа следува и последниот натпревар за овој викенд. Со почеток од 18 часот во спортската сала на ОУ „Круме Кепски“ силите на теренот ќе ги одмерат ракометарите од РК Спартак од Кисела Вода и РК Рудар од Пробиштип. Овој натпревар кој ќе се одигра утре е во рамки на 15 коло од првата машка Македонска лига.

-Сакам да нагласам дека ракометниот клуб Спартак повеќе години опстојува на територијата на Општина Кисела Вода. Воедно, ги анимираме децата од Кисела Вода, се со цел оние деца кои веќе се натпреварувале во училишните лиги организирани од страна на Општината да го продолжат својот тренажен и натпреварувачки процес во нашиот клуб РК Спартак - Кисела Вода, изјави Велимир Мицевски.

Општина Кисела Вода ќе продолжи да дава поддршка на клубовите кои егзистираат на нејзината територија, се со цел за развивање на спортот и правилно насочување на младите.

 

 

 

 

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре неколку улици во Кисела Вода без струја https://t.co/AQqU1H1dSo
46mreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во Општина Кисела Вода извлечена ждрепка за претстојниот Куп „Св. Ѓорѓи“ https://t.co/58wbgUprGi
4hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода го одбележа Денот на водата https://t.co/G48u75amUn
9hreplyretweetfavorite