• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Градоначалникот Трајановски во работна посета на Општина Кисела Вода

Денеска во просториите на Општина Кисела Вода се одржа средба на службите на Градот Скопје и на јавните претпријатија на Град Скопје со урбаните и месните заедници од Општина Кисела Вода, каде присуствуваа градоначалниците на градот Скопје и Општина Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец-Алексиќ.

На средбата присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Трајче Донев, директорите на јавните претпријатија на Градот Скопје и надлежните на пунктовите во Општина Кисела Вода, раководителите на секторите на администрацијата на Градот Скопје и Општина Кисела Вода, како и претставници од сите урбани и месни заедници од Општина Кисела Вода.

- “Овие средби се одлична можност за претставници на урбаните и месните заедници да дадат оцена за работата на јавните претпријатија, да ни укажат за некои недостатоци во нивната работа и да дадат предлози за нивно надминување. Овој состанок ќе биде искористен за координација помеѓу Градот Скопје, јавните претпријатија, Општина Кисела Вода и урбаните и месните заедници од општина Кисела Вода и изготвување на акционен план за работа на јавните претпријатија за оваа година”, кажа градоначалникот Трајановски.

Како најважни проекти коишто Градот Скопје ќе ги реализира на територијата на Општина Кисела Вода во наредниве 4 години, Трајановски ги наведе продолжувањето на процесот на проширувањето и реконструкцијата на булеварот "Борис Трајковски" во насока на населеното место Драчево, продолжувањето на булеварот "Србија" до улица "Христо Татарчев", проширување и реконструкција на улица "Павел Шатев" и многу други.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ ја поздрави оваа активност, потенцирајќи дека системот на месните и урбаните заедници во Кисела Вода е ефикасен и одлично функционира на терен, од каде во дослух со граѓаните секојдневно се добиваат нивните забелешки.

-“Се трудиме да го пратиме темпото на потребите на граѓаните и веднаш да излеземе на терен и да ги санираме, а она што е надлежност на Град Скопје, на денешниот состанок ќе направиме акционен план за да го санираме во тековната година. Сепак се работи за една од најстарите општини, за една од најстарите инфраструктури, а граѓаните најмногу ги засега фекалната и атмосферската канализација. Очекувам дека овој состанок ќе биде продуктивен и ќе стапиме во акција” - истакна Билјана Беличанец Алексиќ.

На средбата, директорите на јавните претпријатија реферираа за нивните активности на територијата на општината, а претставниците на урбаните и месни заедници од Општина Кисела Вода упатија повеќе прашања и сугестии за подобрување на услугите кои ги нудат јавните градски претпријатија.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес дел од ул. Сердарот без струја https://t.co/TAFjbaIUI8
6hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN