• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода и Академија ФМП организираат бесплатни кошаркарски тренинзи

Со поддршка од страна на Општина Кисела Вода кошаркарската Академија ФМП организира бесплатни тренинзи за сите деца кои се со постојано живеалиште на територијата на општината.

Бесплатните кошаркарски тренинзи кои се дел од проектот на локалната самоуправа „Спорт за секое дете“ ќе се одвиваат во спортската сала „Независна Македонија“. Истите имаат за цел правилно насочување и развивање на младите.

-Сакам да истакнам дека благодарение на одличната соработка со Општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Филип Темелковски ние како клуб имаме можност да организираме бесплатни тренинзи за сите деца кои се со постојано живеалиште во Кисела Вода. Нашите цели и планови се преку овие тренинзи децата уште од најрана возраст да ја засакаат кошарката и да се насочат кон вистинските вредности во нивните животи. Верувам дека оваа успешна соработка со градоначалникот Темелковски и Одделението за спорт при Општина Кисела Вода  ќе продолжат и во иднина и истата ќе вроди со плод за развивање на кошарката. За крај, ги повикувам сите заинтересирани да се пријават на бесплатните кошаркарски тренинзи, да дојдат да се дружат, да спортуваат и еден ден да станат познати и успешни кошаркари. Спортската опрема за сите деца ќе биде бесплатна, нагласи Никола Божиноски, сопственик на Академија ФМП.

Тренинзите кои ќе започнат на 3 – ти април ќе се одржуваат во следниве термини:

Понеделник: 16:00 – 17:00

Вторник: 17:00 – 18:00

Среда: 17:00 – 18:00

Четврток: 16:00 – 17:00

Сите заинтересирани за бесплатните кошаркарски тренинзи можат да добијат информации на телефонскиот број 075 782 863 или директно да аплицираат на следниот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес дел од ул. Сердарот без струја https://t.co/TAFjbaIUI8
6hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN