Насловна
Финализираше редовната пролетна дератизација која во изминативе 20тина дена се одвиваше на територија на Општина Кисела Вода.
Постапката за уништување на глодарите опфати 3863 шахти и во урбаниот и во руралниот дел на општината. Дератизацијата ја спроведе фирмата Токси Вет, во соработка со ЈП Водовод и канализација, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина. Согласно програмата на овој Сектор од Општина Кисела Вода, локалната самоуправа организира вакви акции за уништување на штетните глодачи два пати годишно, на пролет и на есен.