• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Бесплатни часови по германски и италијански за социјално загрозените ученици од ООУ„Кирил Пејчиновиќ“

Дечињата од социјално загрозените семејства од ООУ„Кирил Пејчиновиќ“ од понеделникот започнаа да посетуваат бесплатни часови по германски и италијански јазик.

 

Во организација на ова училиште од Општина Кисела Вода, 30тина ученици кои имаат потреба од  курсеви по странски јазик, а не се во можност да си го дозволат истото, посетуваат настава која волонтерски ја одржуваат професорот по германски јазик Владимир Алексовски и професорот по италијански јазик Владимир Андоновски.

Часовите се одржуваат во попладневните часови, два  пати неделно, по германски јазик и еднаш неделно по италијански јазик. Наставата се изведува во просториите на ООУ„Кирил Пејчиновиќ“.

Оваа иницијатива е една од заложбите на училиштето да им се излезе во пресрет на потребите на учениците, на тој начин помагајќи сите да имаат еднакви можности за успешен образовен процес. Од таму најавуваат дека ваквата пракса ќе ја продолжат, со што уште еднаш ќе ја потврдат континуираната грижа за сите свои ученици.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес дел од ул. Сердарот без струја https://t.co/TAFjbaIUI8
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
24hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN