• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Девојките од тимот на Јанта Волеј од Кисела Вода станаа државни шампионки

Одбојкарките на Јанта Волеј на синоќешниот финален натпревар кој се одигра во спортската сала Независна Македонија ги победија девојките од Куманово со резултат 3:1 во сетови, 20:25, 25:11, 25:04, 25:20.  

Со оваа победа девојките од Јанта Волеј станаа државни шампионки во сениорска категорија, освоија злато.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски заедно со секретарот на локалната самоуправа Александар Алексовски, го проследија ова одбојакaрско финално дерби и на крајот на најуспешните одбојкарки на државното првенство во Република Македонија им доделија пехари и медали. На Темелковски му припадна таа чест да им ги додели медалите и златниот пехар на државните шампионки, додека Алексовски на девојките од Куманово им ги додели медалите и сребрениот пехар.

-Премногу сум среќен што освоивме втора шампионска титула, верувам дека и во иднина нашиот клуб ќе продолжи да освојува уште многу титули. Воедно, сакам да и се заблагодарам на публиката која синоќа дојде во голем број и ни даде поддршка. Во исто време голема благодарност и до градоначалникот Филип Темелковски, кој заедно со секретарот на општината, Александар Алексовски присуствуваа и ни даваа поддршка од трибината. Покрај ова најмногу сакам да им се заблагодарам на девојките за одличната игра и големата борбеност на теренот.

Градоначалникот и секретарот на општината на девојките од клубовите од Кисела Вода и Куманово им честитаа за успехот кој го постигнаа во првенството, им посакаа среќа и уште многу успеси во понатамошните натпреварувања.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Следува богат спортски викенд во Кисела Вода https://t.co/FuWzSPABGN
33mreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Од денес на улицата „Антон Попов“ се воведува привремен сообраќаен режим https://t.co/eYj7BZCmx9
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во тек се активности за чистење на Пинтија и Стаклара – Каменик https://t.co/Lrone9unY2