• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Пионерките од ОК Јанта Волеј на државното првенство го освоија второто место

Вчера во спортската сала „Независна Македонија“ со одигрување на два полуфинални и финален натпревар заврши македонското првенство во женска одбојка/категорија пионерки.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, како и на изминатите натпревари така и на овој со своето присуство и даде голема поддршка на екипата на ОК Јанта Волеј.

На првиот одигран полуфинален натпревар, пионерките од  ОК Јанта Волеј издвојуваа победа над екипата Љуботен од Тетово, со резулатат 2:1 (25:20, 25:28), додека на вториот пионерките од одбојкарскиот клуб Вардар ја победија екипата на Пелистер од Битола, со резулатат 2:0 (25:20, 25:18).  По одигрувањето на овие натпревари беа познати финалистите. 

За титула, на теренот се бореа одбојкарките од Јанта Волеј и Вардар. На овој финален натпревар девојките од ОК Вардар ја надиграа екипата на Јанта Волеј. Натреварот заврши со резултат 0:3 (19:25, 16:25, 19:25). За трето место пак играа девојките од ОК Пелистер од Битола против екипата на Љуботен од Тетово, која ја победија со резулатат 2:0 (25:11, 25:15).

Екипата на ОК Вардар од Скопје ја освои титулата, станаа државни шампионки, додека одбојкарките од ОК Јанта Волеј го освоија второто место. Третото место им припадна на пионерките од ОК Пелистер од Битола.

На градоначалникот Филип Темелковски му припадна таа чест на првопласираните екипи да им ги додели медалите и пехарот.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Кисела Вода тргнува кон решенија на проблемите со Центарот за зависности https://t.co/GuggJaZsto
15hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Кисела Вода тргнува кон решенија на проблемите со Центарот за зависности https://t.co/DLp2AGVpAL
15hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Табли со предупредување на изворите со небезбедна вода за пиење https://t.co/NgZkQAUlUp