• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Градоначалникот Филип Темелковски им додели благодарници на ЖОК Јанта Волеј, ЖКК Бадел 1862 и КК Академија ФМП

​Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски придружуван од страна на секретарот на општината Александар Алексовски денес на најуспешните спортски клубови им додели благодарници за придонес и афирмација на спортот во општината.

Благодарници добија три спортски клубови кои изминатиот период остварија добри резултати и бројни победи на повеќе натпреварувања како на домашни така и на меѓународни.

Овој месец во рамки на македонските првенства, во финалните натпреварувања одлични резултати постигнаа ЖОК Јанта Волеј, ЖКК Бадел и КК Академија ФМП.

Имено, девојките од ЖОК Јанта Волеј станаа државни шампионки во сениорска категорија, освоија злато, додека пионерките од истиот клуб го освоија второто место во македонското првенство. Исто така, титула во Кисела Вода донесе и повеќекратниот шампион ЖКК Бадел 1862, кошаркарките од овој клуб од почетокот на првенството остварија бројни победи. Уште еден кошаркарски клуб кој оствари одлични резултати како на домашен така и на меѓународен терен е Академија ФМП. Кошаркарите од овој клуб го освоија второто место во државното првенство во младинска категорија (М20). Младинците на истиот клуб на турнир во Србија во Лесковац го освоија третото место, додека во Бугарија во Ботевград второто место. Покрај остварените добри резултати, КК Академија ФМП со поддршка од Општина Кисела Вода од почетокот на месец април започна со оддржување на бесплатни тренинзи за сите заинтересирани дечиња од општина Кисела Вода.

Градоначалникот Темелковски во своето обраќање на претставниците на спортските клубови им се заблагодари за придонесот, афирмацијата и промовирањето на спортот помеѓу младите во општината. Темелковски нагласи дека досегашната успешна соработка ќе продолжи и во иднина и дека спортските клубови секогаш ќе ја имаат неговата поддршка.

На крајот од средбата, претставниците на спортските клубови на градоначалникот Темелковски му доделија медали, со ова тие му заблагодарија за поддршката која постојано им ја дава.

Клубовите од Кисела Вода во одигрувањето на натпреварите во македонското првенство ја имаа поддршката од градоначалникот Филип Темелковски, кој често беше присутен на трибините.

Воедно, неодамна по иницијатива на градоначалникот Темелковски, Општина Кисела Вода на 23 спортски  клубови им додели материјална помош. Оваа помош ја добија спортските клубови кои со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на општината.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
13hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ја реновираше спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево https://t.co/yTyavlkl6o