• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Баделки донесоа уште една титула во Кисела Вода

ЖКК Бадел 1862 донесе уште една титула во општина Кисела Вода. 

Вчера во рамки на финалето од завршниот турнир во генерацијата М16 баделки ги совладаа врсничките од Баскет Кам со 55-37. Финалниот натпревар се одигра во Македонска Каменица.

- Изминатиот викенд ЖКК БАДЕЛ 1862-Скопје, со шампионска титула во кадетска конкуренција ја заврши со успех натпреварувачката сезона 2017/2018 година. Имено, во Македонска Каменица на 02 и 03.06 2018 година се одржа завршниот Ф4 турнир во кадетска конкуренција за девојчиња помлади од 16 години. Во полуфиналето ја совладавме екипата на Гостивар со убедливи 85:41, додека во финалето ги совладавме домаќините на турнирот,екипата на Баскет-Кам, со резултат 55:37. За најкорисен играч (МВП) на турнирот беше прогласена нашата кошаркарка Теона Поп Стојанова. Со овој натпревар заокруживме уште една успешна сезона во која останавме доманантни во домашните првенства со освоени две шампионски титули и тоа во сениорска и кадетска конкуренција,вице шампиони во јуниорска конкуренција и финалисти во Купот на Македонија. Покрај тоа имавме успешен настап и во регионалното меѓународно натпреварување за девојки под 17 години WABA, со пласман во четбрт финалето. Затоа во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на стручниот тим на девојките за нивната напорна и дисциплинирана работа и секако на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и Одделението за спорт при општината за сесрдната логистичка и финансиска подршка. Се надевам дека оваа соработка ќе се продлабочи во наредната натпреварувачка сезона. Сега одиме на краток заслужен одмор, а од средината на август продолжуваме кај што застанавме со нови успеси - изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК Бадел 1862

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ја реновираше спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево https://t.co/yTyavlkl6o