• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Учениците од Кисела Вода го освоија првото место во кошарка на Купот Св. Георги

Денес на Купот на Кисела Вода Св. Георги се одигра последниот финален кошаркарски натпревар помеѓу екипите на Кисела Вода и Центар.

Учениците од општина Кисела Вода ги надиграа своите врсници од Центар, ги победија со резултат 47-35, го освоија првото место на купот во кошарка.

Додека, за третото место екипата од Аеродром ги надигра основците од Бутел, со резултат 66-27 . Општина Аеродром го освои третото место. Со овие два натпревари свечено се затвори Купот на Кисела Вода Св Георги.

За потсетување, на Купот на Кисела Вода Св . Георги кој започна минатата недела  учествуваа ученици од основните училишта од скопските општини: Аеродром, Центар, Кисела Вода и Бутел. Истиот беше во организација на Општина Кисела Вода. Купот започна со одигрување на одбојкарски натпревари по кои следуваа натпреварувања во футсал и кошарка. Прво место на Купот во одбојка се ученичките од Центар, за второто место се изборија одбојкарките од Кисела Вода, третото место им припадна на натпреварувачките од Аеродром, додека четврти завршија ученичките од Бутел. На натпреварувањето во футсал на прво место се учениците од Центар, на второто место е Аеродром и на трето место екипата од Кисела Вода.

На крајот  на најуспешните екипи им беа доделени пехари и дипломи.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda ООУ “Кирил Пејчиновиќ” ќе добие нова, термоенергетска фасада https://t.co/cXcO7ssD83
O_KiselaVoda Целосна реконструкција на тоалетите во објектот "Сончоглед" при ЈДГ „Весели Цветови“ https://t.co/fiuJXesfmJ
O_KiselaVoda Дел од населба Драчево без вода https://t.co/IFMxedZnAE