• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Во Кисела Вода се одбележаа 219 години од раѓањето на Александар Сергеевич Пушкин

Општина Кисела Вода и Амбасадата на Руската Федерација во Македонија по десетти пат го чествуваа ликот и делото на големиот руски и светски поет Александар Сергеевич Пушкин.

На свеченоста која се одржа во паркот Пушкин делегации од Општина Кисела Вода и Амбасадата на Руската федерација во Македонија, предводени од Александар Алексовски, секретар на општината и Михаил Лушин, аташе за култура, образование, наука и спорт  во Амбасадата положија свежо цвеќе пред бистата на Пушкин.

На манифестацијата „Пушкинови денови“ се слушнаа повеќе музички изведби, се читаше  руска поезија. На сцената настапија Рускиот вокален анасамбал „Чајка“, КУД „Славјанка“, Асоцијацијата по изчување на рускиот јазик „Озарение“, ученици од гимназијата Гоце Делчев од Куманово, победници на натпреварот за руска песна во Софија, а поезија на руски јазик читаа студенти на Катедрата за Славистика од Филолошки факултет „Блаже Конески“.

За крај, на оваа културна манифестација се избраа и 3 најдобри литературни и 3 ликовни творби.

За најдобри ликовни творби дипломи им беа доделни на Константин Стојановски, Гала Спиридонова и Марија Богојоска, а за најдобри литературни на Емељ Чико, Ведрана Петрова и Филип Клисаровски. Имено, Општина Кисела Вода пред почетокот на манифестацијата „Пушкинови денови“ објави ликовен и литературен конкурс на тема „Ликот и делото на Александар Сергеевич Пушкин “ на кој учениците од VI – IX одделение од сите основни училишта имаа можност да се пријават. Воедно, благодарници од Општина Кисела Вода добија и културните работници кои во изминатите години во континуитет учествуваа во чествувањето на ликот и делото на големиот руски и светски поет. Дипломите и благодарниците ги доделија Александар Алексовски секретар на Општина Кисела Вода и Михаил Лушин, аташе за култура, образование, наука и спорт. Благодарница од Амбасадата на Руската федерација во Македонија беше доделена и за градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.

 

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ја реновираше спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево https://t.co/yTyavlkl6o