• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Вечерва отворање на "Три круши", попладнево Коријада во парк Шопен

Општина Кисела Вода ве поканува вечерва, недела, 01.07.2018 год., во 20 часот да бидете дел од отворањето на културното лето “Три круши 2018”! На локалитетот Три круши во селото Драчево, свое обраќање ќе има градоначалникот Филип Темелковски, а потоа ќе следат концерти на Дувачкиот оркестар при МКЦ и КУД “Китка”.

Дувачкиот оркестар ќе се претстави со преработки на светски популарни музички хитови, додека КУД од Драчево, “Китка” со изведба на традиционални македонски ора и песни. Богатата понуда на настани која годинава ќе и биде презентирана на публиката, во рамки на културното лето на Општина Кисела Вода ќе трае до крајот на месец јули. Сите случувања започнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен.

Потсетуваме и дека денес, недела, 01.07.2018, во паркот Шопен, со почеток во 18 30 минути, ќе се одржи хуманитарна коријада. Настанот е во организација на Општина Кисела Вода, преку Одделението за култура и Здружението на пензионери од општина Кисела Вода, со поддршка од Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода. Пензионерите од Кисела Вода кои се вешти во подготовка на бели пецива, ќе ги изложат пред заинтересираните граѓани своите домашно подготвени прозиводи кои ќе можат да ги купат по симболични цени. Средствата собрани од  продажбата се наменети за хумани цели, односно за Црвениот крст кои ќе ги распредели на социјално загрозени лица.

Паралелно, на истата локација, во паркот Шопен, докторски тим организиран од Црвениот крст, ќе врши бесплатни прегледи и ќе дава бесплатни лекарски совети. Граѓаните ќе можат да го проверат својот крвен притисок и состојбата на шеќер во крвта.

Коријадата ќе биде збогатена со културно - уметничка програма, со многу песни и ора во изведба на Здружението на пензионери “Кисела Вода”. Музичкиот дел започнува од 19:30 минути.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda „Слободно Скопје, чисто Скопје“ утре во Општина Кисела Вода https://t.co/ioCUcYeEaD
13hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Академија ФМП од Кисела Вода триумфираше во Крива Паланка https://t.co/c3s381zL1T
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda РК Јуниор Кисела Вода повторно на врвот во Првата лига https://t.co/BUx2tAv2ls
16hreplyretweetfavorite