• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

  • Општина Кисела Вода сади нови 67 дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови 67 разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.

 

 

Насловна

Известување од Општина Кисела Вода во врска со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги

Во врска со реакциите кои пристигнуваат до Општина Кисела Вода за проблемите поврзани со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги кој е лоциран во Кисела Вода, сакаме да ја известиме јавноста, а најмногу жителите на овој дел од градот, за динамиката на нашите преземени активности во насока на решавање на ова горливо прашање.

Проблемот со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги Кисела Вода е децениски, и не е локален, туку е глобален, предизвикан од многу аспекти, па поради тоа реално е потребно поголем временски период за да се постигнат видливи резултати. Општината Кисела Вода нема директни ингеренции и надлежности за да го реши, но тоа не значи дека се оградува и дека не делува.

Општината веќе извести за оствареното партнерство и соработка со Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје, Оддделението за недозволена трговија, ПСОН Кисела Вода, ЈЗУ Психијатриска болница Скопје, Центарот за превенција и третман на зависност од дроги-Кисела Вода, здруженијата ХОПС, Доверба, и преставниците на жителите, Рубенс Муратовски и Методија Тотиќ, и остварување на првата заедничка средба.

Градоначалникот на Општината Кисела Вода со своето делување ја продолжува иницијативата за надминување и решавање на проблемот кој го имаат жителите на Кисела Вода, а е поврзан со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги, преку остварување на партнерство и соработка и со Министерството за труд и социјална политика, со Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, со Академијата за судии и јавни обвинители, со Град Скопје - Одделение за социјална, детска и здравствена заштита, со ЗЕЛС и со здружението РЕТО НАДЕЖ.

Од остварените поединечни средби со сите партнери и соработници, од Општината произлегоа предлог мерки кои се доставени до Министерството за здравство, со цел истите да бидат опфатени при анализата и одлуката на Министерството.

Согласно договореното и ветеното на првата средба, кон крајот на месец јули ќе се одржи работен состанок, на кој покрај учесниците од првата средба, ќе присуствуваат и претставници од новите партнери и соработници, и на која ќе се презентираат анализите од кои произлегле краткорочните и долгорочните мерки кои ќе се преземат, со временска рамка на спроведување. Спроведените мерки значително ќе придонесат за подобрување на сликата за Центарот за превенција и третман на зависности од дроги.

Во меѓувреме, додека не се отпочне со спроведување и реализирање на мерките, Општината Кисела Вода моментално прави се што е можно преку надлежните и овластени лица за отстранување на медицински инфективен отпад, да се одржува хигиената околу Центарот, и за  преку ПСОН Кисела Вода да се одржува јавниот ред и мир.

Воедно, Ве известуваме дека освен заложбите за правилен третман на лицата кои се зависници од дроги, Општината Кисела Вода поздравува, поддржува и иницира нулта толеранција кон недозволената трговија со дроги. Во таа насока, ја поздравува и големата акција на Министерството за внатрешни работи во Струга за сузбивање на недозволената трговија со дроги.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Голема еколошка акција се спроведе во Кисела Вода https://t.co/jzhPIsPtgD
3hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во организација на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа финалните кошаркарски натпревари https://t.co/ykOVQLsRmx
23hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ги поканува своите жители на еколошкиот настан “Биди дел од чиста иднина” https://t.co/VNgbZvP8qY