• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Со феноменалните концерти на Кристина Арнаудова и Силви бенд се затвори културното лето „Три круши 2018“

Вчеравечер со одличните настапи на Кристина Арнаудова и Силви бенд се затвори културното лето „Три круши 2018“.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски во чија организација беше овогодинешното културно лето „Три круши 2018“ синоќа беше присутен на свеченото затворање на истото. Темелковски во своето обраќање ги поздрави присутните и им се заблагодари на сите кои беа дел од оваа културна манифестација која по 13 - ти пат се одржа.

За почеток, најквалитетната македонска поп ѕвезда Кристина Арнаудова вечерта ја започна со старата македонска песна: Зајди зајди, потоа следуваа Ја излези Ѓурѓо, нејзиниот познат сингл Љубена песна која минатата година беше хит на годината, Земи ме... Овој феноменален концерт Арнаудова го заврши со песната Прашина.  

Публиката која беше во голем број ја имаше и таа можност да го слушне и најпознатото брачно дуо Силви бенд. Влатко и Силви Плевнеш пред присутните на манифестацијата изведоа повеќе композиции од нивните албуми и фестивалски настапи. Посетителите на Три круши ги слушнаа познатите безвременски хитови: Бакнеж како музика, Ангели ме носат, Ме полудуваш... На крајот од вечерта тие изведоа и дел од перформансот „Песни од Коштана“ со кој ја воодушевија бројната публика.

Имено, на културното лето „Три круши 2018“ од почетокот па се до неговото затворање настапија бројни познати музички имиња од македонската фолк и поп сцена. Дел од програмата на оваа манифестација беа  КУД Китка од Драчево,  Дувачкиот оркестар при МКЦ, Александар Митевски, DJ FICHO, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, Искра Трпева, Сузана Спасовска, Бени НОН СТОП, Блага Петреска, Ѓоко Дончев, Наум Петрески и Зуица Лазова, Кристина Арнаудова и Силви бенд. 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре во Кисела Вода ќе се игра одлучувачки ракометен натпревар за место во плеј оф фазата https://t.co/z4W1DSB7ck
6hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија https://t.co/FluMSqXHjl
8hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda „Баделки“ без пораз во лигата, вчера со голема разлика ја победија екипата на ЖКК „Крива Паланка“ https://t.co/1e7QHmDxrI
11hreplyretweetfavorite