• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

  • Општина Кисела Вода сади нови 67 дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови 67 разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.

 

 

Насловна

Распишан оглас за времени вработувања во основните училишта во Кисела Вода. Потребни се дефектолози, педагози, психолози и наставници

Десет образовни асистенти со завршено високо образование-профил дипломиран дефектолог, педагог, психолог, одделенски наставник, предметен наставник, ќе бидат времено работно ангажирани во основните училишта во Општина Кисела Вода.

И оваа година, Општина Кисела Вода, врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Кисела Вода, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, распиша оглас за заинтересираните лица кои сакаат да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа. Проектот  “Се грижиме и ги воспитуваме најмладите” ќе овозможи работно ангажирање со скратено работно време на евидентирани невработени лица за период од девет месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Се работи за ангажман од дваесет работни часови неделно, при што за време на истиот, статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани општинско-корисната работа, се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

- долгорочно невработени лица евидентирани во АВРМ (над 12 месеци во евиденција) ;

- самохрани родители;

- родители на деца со пречки во развојот;

- родители на 3 и повеќе деца

Заинтресираните невработени лица, Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Општина Кисела Вода во периодот од 01.08.2018 година до 14.08.2018 година од 08:30 до 16:30 часот секој работен ден.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Кисела Вода кај лицето Елизабета Јаневска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување на Град Скопје  кај лицата Флорие Љачи, Центар за социјална работа П.Е КИСела Вода кај лицето Зоран Николовски.

Огласот е достапен на веб страницата на Општина Кисела Вода на следниот линк:

КЛИКНИ ТУКА

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Од четврток ќе се собира кабаст отпад во општина Кисела Вода https://t.co/bhL7QIqYOB
8hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре дел од Кисела Вода без струја https://t.co/tUS9IPep4E
O_KiselaVoda Во Општина Кисела Вода одбележан Националниот ден на унгарскиот народ https://t.co/KGBFRZZWGV