• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

  • Општина Кисела Вода сади нови 67 дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови 67 разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.

 

 

Насловна

Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договори за привремно вработување на образовни асистенти во училиштата

Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски потпиша договори за привремено вработување на образовни асистенти во основните училишта кои се под надлежност на локалната самоуправа.

Во просториите на Општина Кисела Вода градоначалникот Темелковски заедно со избраните ги потпишаа договорите за нивно привремено вработување за работа со ученици со посебни образовни потреби.

Имено, Општина Кисела Вода претходно објави јавен оглас за времено вработување  на десет образовни асистенти со завршено високо образование-профил дипломиран дефектолог, педагог, психолог, одделенски наставник, предметен наставник, во основните училишта кои се под нејзина надлежност. Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаа сите невработени лица, при што предност имаа лицата кои за прв пат се пријавија за учество во Програмата.

Проектот  “Се грижиме и ги воспитуваме најмладите” Општина Кисела Вода го реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ. Овој проект локалната самоуправа успешно го реализира четврта година по ред.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ собраа 30 тони кабаст отпад и електронска опрема https://t.co/HWUSpfKZaK
23hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Голема еколошка акција се спроведе во Кисела Вода https://t.co/jzhPIsPtgD
O_KiselaVoda Во организација на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа финалните кошаркарски натпревари https://t.co/ykOVQLsRmx