Насловна
Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, пред почетокот на натпреварувачката сезона 2018/19 година оствари работна средба со претставници на спортските клубови кои егзистираат на територијата на Општина Кисела Вода.
На оваа средба градоначалникот Филип Темелковски се интересираше за активностите на спортските клубови, како и за нивните планови и програма во иднина. Темелковски пред присутните информираше дека е задоволен од досегашните постигнати резултати од неколку спортски клубови.
Покрај ова Темелковски нагласи дека Општина Кисела Вода ќе продолжи да им дава поддршка на спортските клубови и да го помага спортот, се со цел да се омасови и клубовите да постигнуваат подобри резултати.
Воедно, градоначалникот истакна дека спортските клубови кои ќе остваруваат добри резултати Oпштината ќе ги помага во оставрување на истите.
На оваа средба претставниците од спортските клубови брифираа пред градоначалникот за нивните потреби и воедно, се заблагодарија за поддршката која општината им ја дава досега.