Насловна
Училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година и ученичкиот живот за 627 првачиња во Општина Кисела Вода.
Заедно со своите родители, во училишниот двор, тие со возбуда чекаа да ги запознаат своите наставнички и своите нови другарчиња.
На свеченоста, во неколку општински училишта присуствуваше и градоначалникот Филип Темелковски. Тој ги поздрави новите ученици и им посака успех во нивниот образовен процес.
Првиот училишен ден e воедно и прв ден од “Неделата за безбедност во сообраќајот”.
Овој проект го спроведуваат заедно Општина Кисела Вода, Одделението за превенција при СВР Скопје, како и ПСОН Кисела Вода.
Во рамки на истиот, дечињата и нивните родители, но и возачите кои сообраќаа пред училиштата добија едукативни летоци со совети за безбедно учество во сообраќајот.