Насловна
Општина Кисела Вода и Американската гимназија НОВА, спроведоа акција за фарбање на оградата во дворот на двата објекти на градинката ЈДГ „8 Март“.
Со овие активности префарбана ограда добија објектите на ЈДГ „8 Март“, „Пеперутка 1“ и „Пеперутка 2“ во населба Драчево. Во акцијата вклучен беше воспитниот кадар на градинката, ученици и професори од Американската гимназија НОВА. Покрај ова, работните активности беа поддржани и од сезонските работници на Општина Кисела Вода.
Потребните материјали за успешно извршување на работите беа обезбедни од Американската гимназија НОВА и ЈДГ „8 Март“.