Насловна
Врз основа на член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во општина Кисела Вода и спортски манифестации кои се одржуваат на територијата на општина Кисела Вода (Сл. Гласник на општина Кисела Вода” бр. 14/2017 од 28.12.2017), Општина Кисела Вода објавува
О Г Л А С
За материјална поддршка на спортските клубови, спортските здруженија и спортски институции
Се повикуваат сите заинтересирани спортски клубови, спортски здруженија кои егзистираат во општина Кисела Вода и спортски институции, со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на општината Кисела Вода, да аплицираат за добивање на материјална поддршка за своето работење за тековната 2018 година.
Право на учество на огласот имаат сите спортски клубови и спортски здруженија кои се регистрирани и вршат дејност спорт во општина Кисела Вода, под услови утврдени со Закон и Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во општина Кисела Вода и спортски манифестации кои се одржуваат на територијата на општина Кисела Вода (Сл. Гласник на општина Кисела Вода” бр. 14/2017 од 28.12.2017 год.).
I Материјална поддршка на спортските клубови и спортските здруженија, кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општина Кисела Вода.
Основни критериуми што треба да се исполнат од страна на спортските клубови и спортските здруженија:
-да поседуваат Решение за дејност спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт, со седиште на подрачјето на Општина Кисела Вода;
- да се членови на соодветните национални спортски федерации (за спортските клубови);
-сите спортски субјекти, апликанти на огласот, своите активности и програми да ги реализирале на територијата на Општина Кисела Вода;
- да имаат регистрирана и активна младинска школа, која земала учество во натпреварувачкиот систем на соодветната национална спортска федерација;
II Доделување на материјална помош на спортски институции кои извршуваат научни проекти од јавен интерес за развојот на спортот во општина Кисела Вода.
Право на учество на јавниот оглас, во ставката II, имаат спортски институции кои ги исполнуваат следните основни критериуми:
- Спортската институција во изминатите години, низ своите програмски активности да учествувала во развојот на спортот во општината Кисела Вода,
- Спортската институција во изминатите години да реализирала проекти за научна поддршка на спортот во делот на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и психолошкото здравје кај децата и адолесцентите на територија на Република Македонија;
Постапка за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и спортски манифестации кои извршуваат јавен интерес во спортот во општина Кисела Вода.
- Потребната документација за учество на огласот се доставува по пошта или во архивата на Општината.
- Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „ не отварај“ и со назнака „ Пријава за Oглас за доделување материјална помош на спортски клубови, спортски здруженија и спортски институции“и бројот на повикот.
- Пликот не смее да содржи никаква ознака која би можела да го идентификува понудувачот.
- Пријавата се доставува во еден оригинален примерок, кој треба да биде потпишан и заверен од одговорното лице.
- Пристигнатите пријави ги отвара и разгледува Комисија формирана од Градоначалникот, без присуство на пријавените кандидати.
- Некомплетните и ненавремено доставените пријави Комисијата нема да ги разгледува и за истото ги известува кандидатите.
- Помеѓу општината и избраниот субјект се склучува Договор за доделување материјална помош.
Субјектите, кои учествуваат на јавниот оглас кон пријавата треба да достават:
- Годишна Програма за работа и функционирање на спортскиот клуб, односно спортското здружение;
- план за реализација на научен проект од интерес на спортот во општината (за спортските институции)
- доказ за регистрирана дејност;
- решение за вршење дејност спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт (за професионални спортски клубови);
- копија од тековната состојба на субјектот, издадена од Централен Регистар на РМ;
- тел. за контакт, адреса, е-маил адреса и трансакциска сметка;
- Информација, на кој начин се финансирале во изминатите три години (генерален спонзор, повеќе спонзори, финансирање по пат на наплатување на тренажен процес),
- Информација, за изминатите три години, каде и во кои спортски сали (терени) го извршуваат тренажниот и натпреварувачкиот процес,
- Доколку спортските субјекти со своите програми учествуваат во натпреварувачки лиги организирани, од соодветната федерација, да се достави информација за степенот на натпреварувањето, како и евентуално за учество на натпревари од меѓународен карактер.
- Да се нагласат спортските успеси на спортските субјекти во последните три години, поткрепени со докази од соодветните спортски федерации или други спортски институции,
- Информација за пионерско младинските школи (доколку ги имаат организирано), да достават нивна програма за тековната 2018 година, како и да ги нагласат нивните спортски резултати во изминатите три години, поткрепено со доказен материјал од соодветните спортски федерации и државни спортски институции.
Рокот за пријавување започнува од 22 октомври.2018 година и трае 5 работни дена, односно заклучно до 29 октомври.2018 година до 16.30 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. “Петар Делјан” бр. 17 или во архивата на Општината со назнака: Пријава за јавен оглас за материјална поддршка на спортски субјекти и институции - Комисија).
Пријавата и образецот со упатство за пополнување се достапни на следниот линк: КЛИКНИ ТУКА
Број -_______
од _______ 2018година
Скопје
Комисија за материјална поддршка на спортските клубови, спортските здруженија, спортски институции и спортски манифестации
Претседател,
ТониЧупоски