Насловна
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски ги повикува сите хумани граѓани и организации да ја покажат својата хуманост, да донираат средства за лекување на 15 - годишната, Сара Настеска од Охрид.
Со цел да и се помогне на Сара да има безгрижни тинејџерски денови, Зоолошката градина – Скопје, на 27 октомври во временскиот период од 12:00 - 15:00 часот организира хуманитарна акција. За време на овој настан, во дворот на зоолошката, во интерактивната зона ќе има кутија за донации каде што секој посетител ќе може да донира. Воедно, хуманите граѓани ќе имаат можност, да се дружат, фотографираат, играат и анимираат со најпознатиот „Дизни" лик, Мики Маус, и неговата партнерка Мини.
Дополнително, за успешност на оваа хумана акција на билетарата во Зоолошката градина во Скопје поствена е кутија за донации, каде хуманите граѓани можат секојдневно да донираат. Покрај ова, сите хумани граѓани тоа можат да го направат и на следните телeфонски броеви на кои со еден повик се донираат 100 денари.
143 102 за корисниците на Т-Мобиле
143 480 за корисниците на ВИП
Имено, 15 - годишната Сара Настеска од Охрид боледува од „Anemija Aplastica“, болест која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.. Единствен спас за нејзино целосно излекување и враќање во нормален живот е трансплантацијата на коскената срж, од нејзиниот сроден донор две години помалиот брат. Зафатот и лекувањето потребно е да се извршат во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик. За успешно излекување потребни се над 200.000 евра, средства кои родителите неможат да ги обезбедат сами.