Насловна
Денес, Советот на стопанственици на Општина Кисела Вода во просториите на Општина Кисела Вода ја одржа третата седница.
На седницата која ја отвори градоначалникот Филип Темелковски присутни беа претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ, секретарот Александар Алексовски, претседателот на Советот на стопанственици Борис Хрисафов, генерален директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, претставници на правните субјекти кои опстојуваат на територијата на општината и претставници од ЈП „Водовод и канализација“. Состанокот се одвиваше по следниот дневен ред:
-Планирање на буџетот на Општина Кисела Вода за 2019 година, решавање на потребите и проблемите во локалната самоуправа преку можности за соработка помеѓу Општината и бизнис заедницата.
Градоначалникот Филип Темелковски пред присутните претстави дел од идните планови на Општината, а воедно, ги слушна предлозите, проблемите и потребите на бизнис заедницата.
Се дискутираше за гасификацијата која според планираното во градот Скопје ќе треба да започне во 2019 од Кисела Вода, како и за придобивките од истата.
Градоначалникот и претставниците на правните субјекти за изнаоѓање на решение на одредени проблеми разговараа и со претставници од ЈП „Водовод и канализација“.