Насловна
На натпреварувањето на престижниот Меѓународен турнир во Рим, Италија во бразилска џиу џица „Abu Dhabi Pro Rome 2018“, македонската репрезентација предводена од претседателот и основач на „Д Стронгест“, Ивица Алексовски освои вкупно 18 медали, од кои 5 златни, 10 сребрени и 3 бронзени.
Во 14 - члената македонска репрезентација имаше 10 членови на клубот „Д Стронгест“ од Кисела Вода кои на ова натпреварување освоија 15 медали. Од повеќе од 30 држави учесници, македонската репрезентација го освои 4 место, додека како тим „РУТС БЏЏ“ од вкупно 61, се втор најдобар тим.
-Кај најмладите нашиот државен првак Даниела Алексовска се бореше рамо до рамо со момчињата кои успеа да ги победи и да го освои златниот медал. Исто така и Марко Панчевски, претставник на најмладите освои златен медал. Во категорија на мастери, јас победив со зафат во полуфиналето, но во финалето загубив на поени и мораше да се задоволам со сребрен медал. Покрај овој јас освоив уште еден среберен медал во борби без кимоно. Во оваа мастер категорија настапи и Дејан Чолески кој исто така освои сребрен медал. Златни медали добија Надежда Василевска, Михаил Поповиќ и Никола Петрушевски. Ова до сега представува најголем успех на Македонскиот БЏЏ Тим кој досега беше респектиран од тимовите на Балканот, но сега почна да се наметува и на Европско, а се надеваме и на Светско ниво. Денес во Центарот за боречки вештини "Д Стронгест" има околу 200 редовни членови во повеќе боречки вештини и спортови како што се бразилската џиу џица, мма, муи тхаи, кикбокс, џит кун до, детски групи. - изјави Ивица Алексовски, претседател и основач на „Д Стронгест“ од Кисела Вода.
Имено, „Д Стронгест“ е еден од клубовите кои оваа година добија материјална поддршка од Општина Кисела Вода. Истата, Општината ја додели на спортските субјекти кои со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на локалната самоуправа.
Општина Кисела Вода со цел да го унапреди спортот оваа година на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски започна со доделување на материјална поддршка на спортските субјекти кои опстојуваат на нејзината територија.