Насловна
Утре, помладите пионери на Фудбалскиот клуб „Кул Здравје“ од Кисела Вода ќе го одиграат 1/4 финалниот натпревар за Купот на Македонија со ФК „Академија Пандев“ од Струмица.
Натпреварот ќе се одигра со почеток во 13:00 часот на стадионот „Цементарница“. Момчињата на клубот од Кисела Вода првиот натпревар одигран на гостински терен против екипата на ФК „Академија Пандев“ го завршија со нерешен резултат (1:1).