Насловна
Во насока на исполнување на дадените ветувања околу надминување на проблемите со Центарот на зависници, Општина Кисела Вода ги поканува сите засегнати жители од овој дел на градот и медиумските екипи на средба која ќе се одвива утре, четрток, 22.11.2018год., во 19 часот во Големата сала на Општина Кисела Вода. На истата ќе бидат присутни и директно ќе им ги презентираат договорените мерки Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и Министерот за здравство Венко Филипче.
Со почит,
Општина Кисела Вода