• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДЕЛУВАЊЕТО НА СЕКТОРОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ РАБОТИ ПРИ ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

Општина Кисела Вода информира дека во текот на последниот квартал од тековната година, овластениот комунален инспектор и овластените комунални редари изрекле 10 парични казни во висина од 50 евра во денарска противвредност за прекршоци сторени  согласно Законот за јавна чистота (оставање на градежен материја, оставање на ѓубре како и продажба на земјоделски производи на јавна површина).

Извршени се повеќе контроли во однос на палење оган на јавна површина при што на физичките лица им се изречени опомени. Воедно, извршени се и инспекциски надзори на градилишта при што е констатирано дека товарните моторни возила редовно ги чистат тркалата при влегување во сообраќај.

Овластените инспектори за животна средина при Општина Кисела Вода во текот на последниот квартал од тековната година вршеа редовни инспекциски надзори и инспекциски надзори по добиена пријава од граѓани. Од извршените инспекциски надзори, после утврдена неправилност, издадени се две решенија со задолжување за отстранување на неправилност. Согласно закон, извршени се едукации кај правните субјекти, после утврдената неправилност. Во овој период не е поведена ниту една прекршочна постапка.

При вршењето на инспекциските надзори, согласно надлежностите на овластените инспектори, акцент беше ставен на контрола кај механичарските работилници на собирањето и предавањето на отпадното моторно масло кај овластени постапувачи. Исто така, се вршеше контрола на сендвичари, ресторани и други објекти кои имаат обврска за собирање на отпадното масло за готвење и негово предавање кај овластени постапувачи. При секојдневното вршење на инспекциските надзори од страна на овластените инспектори за животна средина усно им се укажува на правните и физичките лица за недозволените средства за затоплување кои негативно влијаат врз квалитетот на животната средина.

Од 15 декември ќе се почне со сменско работење на Комуналните редари со цел да се обезбеди постојан мониторинг на критичните точки во општината и ќе се продолжи со инспекцискиот надзор на правните субјекти и физичките лица.

За сите понатамошни делувања, општината ќе продолжи да известува.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Во основните училишта во Кисела Вода почна кампања за спречување на последици од употреба на пиротехнички средства https://t.co/EONRyqv2to
22hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски се сретна со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние https://t.co/2qa6aG05y7
23hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Сениорките, младинките и кадетките на ЖКК „Бадел 1862“ имаа победнички викенд https://t.co/TmDgW05Jbv