• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

Баделки се незапирливи, вчера ја означија десеттата победа по ред

Сениорките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода продолжуваат да редат победи во македонското првенство во женска кошарка.

Баделки вчера со голема разлика ја победија екипата на „Струга 2009“, со резултат 66-46 ( 15:11, 20:16, 14:11 и 17:8). Со оваа десетта победа досега непоразената и најдобра женска екипа прогласена за 2018 година се задржа на првото место на табелата. Најефикасни кошаркарки од домашната екипа беа Сандра Лазареска со постигнати 18 поени, Наталија Секуловска со 14 и Сара Петровска со 12. За големата победа заслужни се и Сања Адамовска 9, Катерина Поп Димитровска 5, Сара Максимовска 2 и Наталија Гаревска 2. Од екипата на „Струга 2009“ на теренот најмногу се истакна капитенот Татјана Стојановска.

Судии на натпреварот беа Боро Антовски и Бисера Бикова.

За одбележување на овој натпревар е и тоа што во ростерот беше и повратничката кошаркарка Драгана Јоловиќ која во зимскиот период потпиша договор со екипата на „Бадел“.

Следниот викенд девојките на „Бадел“ во вториот дел од првенството на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ во Кисела Вода ќе и се спротивстават на екипата на ЖКК „Работнички“.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода жали за загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа. Овие тешки денови никогаш да не се повтор… https://t.co/wg7w6qlfyA
O_KiselaVoda Функционирањето на „Црвениот крст“ претставено во Општина Кисела Вода https://t.co/ZLuxPeOqoh
O_KiselaVoda КК „Ангели“ забележа две победи https://t.co/WD9azoVn31