• Проект „Енергетски ефикасни домови“ во Општина Кисела Вода

    Од први септември започнува аплицирањето на жителите на Општина Кисела Вода кои се заинтересирани да бидат дел од проектот

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

  • Општина Кисела Вода го прослави својот 64-ти роденден

    Со низа активности Оштина Кисела Вода го прослави својот 64-ти роденден.

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода и „Технолаб“ изработија катастар на загадувачи

Општина Кисела Вода во соработка со „Технолаб“ ДОО Скопје согласно Законот за животна средина изготви катастар на загадувачи кој ги содржи потребните податоци за деловните субјекти, кои ја загрозуваат или можат да ја загрозат животната средина на нејзината територија.

Катастарот го изработи експертски тим на „Технолаб“ со собирање на податоци кои се вметнати во картите на загадувачи.

Целта на катастарот е преку него да се добие квалитативна и квантитативна база на податоци за состојбата на емиторите и емисијата на загадувачките супстанции во воздухот, водата, почвата и генерираниот отпад, заради следење на трендовите на основните индикатори за квалитетот на животната средина на територијата на локалната самоуправа, како и за контрола за успешноста на мерките кои ќе се преземаат. Базата на податоци и обработката на истите, на институциите ќе им служи како инструмент за одржливо управување со квалитетот на животната средина.

Фото: SDK.MK 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK