• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

  • Општина Кисела Вода сади нови 67 дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови 67 разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода прогласи Ден на жалост за поранешната градоначалничка Билјана Беличанец

Со едноминутен молк членовите на Советот на Општина Кисела Вода ја започнаа  денешната вонредна седница свикана по повод смртта на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец. 

Советниците едногласно донесоа одлука утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општината. Со одлуката, се откажуават сите културни, спортски, забавни и други манифестации.

- Лош, можам  слободно да кажам и трагичен,  е поводот поради кој ја свикавме денешната вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода, но за жал животот секојдневно ја покажува својата суровост. Денес на дневниот ред имаме само една точка, а тоа е утрешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост во Општина Кисела Вода по повод прераната смрт на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец. Искрено, како претседател на овој мандат на Советот на Општината, лично не ја познавав многу г-ѓата Билјана Беличанец. Неколку пати сме се сретнале, неколку пати сме поразговарале и мојот впечаток беше дека се работи за мошне интересна и харизматична личност, со пријателски однос, со многу идеи и со желба да ги направи работите подобри. За неа можеби повеќе можат да зборуваат колегите советници од претходниот состав од кои слушав за нејзиниот конструктивен и коректен однос, за нејзината хуманост секогаш кога некому му требало помош, за прифаќањето на добрите идеи и тогаш кога доаѓале од спротивниот политички табор. Таа беше и доказ дека политиката не е само за мажите. Храбро се залагаше за своите идеи и идеали, за своите убедувања. За неа можам да зборувам и како за актерка, бидејќи на сцената таа даваше смисол на она што СИТЕ го кажуваме - ДАСКИТЕ ШТО ЖИВОТ ЗНАЧАТ. Врвна актерка, со богата биографија. Со нејзиното заминување загуби многу и македонскиот театар и нејзините колеги, актерите и публиката. Изгубивме сите ние. Но сепак, најмногу загуби нејзиното семејество. Нејзините деца, сопругот, родителите, сестрата. Од име на сите присутни тука, сакам до нив да упатам најдлабоко сочувство за нивната загуба – кажа пред присутните претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ.  

Градоначалникот Филип Темелковски во своето обраќање изрази жалење за смртта на Билјана Беличанец која како што кажа беше успешен градоначалник. Темелковски најави иницијатива за преименување на новоизградениот Дом на културата КВК во Билјана Беличанец.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ собраа 30 тони кабаст отпад и електронска опрема https://t.co/HWUSpfKZaK
23hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Голема еколошка акција се спроведе во Кисела Вода https://t.co/jzhPIsPtgD
O_KiselaVoda Во организација на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа финалните кошаркарски натпревари https://t.co/ykOVQLsRmx