• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода пред Велигден ќе им помогне на црквите Св. Ѓорги и Св. Никита

Денес секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски и Зоран Ацевски, член на Советот на Општината беа во посета на една од најстарите цркви во Скопје, црквата Св. Ѓорги, лоцирана во урбаната заедница Кисела Вода.

Таму секретарот и советникот остварија работна средба со отец Ангел од кој побараа да ги информира за состојбата и потребите на црквата.

При оваа средба тие направија увид околу нејзиниот двор, ја посетија и црквата Св. Никита која се наоѓа во истиот,  со цел да ги детектираат недостатоците, како би можела локалната самоуправа пред големиот христијански празник Велигден да излезе во пресрет за отстранување на проблемите кои постојат.

Во периодот што следува ќе се реконструира дел од внатрешноста и надворешноста на црквите Св. Ѓорги и Св. Никита, ќе се изврши санација на патот кој води до нив, а ќе се подобри и неговото осветлување.

Датирањето на црквата Св. Ѓорги според легендите се поврзува со времето на царот Јустинијан од почетокот на 6 век. Воедно, оваа црква е најпосетена од страна на верниците за празникот Ѓурѓовден, празник кој е патронат на Општина Кисела Вода. Во дворот на црквите постоел извор за вода по кој населението ја именувало населбата.  

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода врши енергетска обнова на градинката „Мимоза“ https://t.co/QkieC2epRJ
16hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски се сретна со бизнис заедницата и со претставници на спортските клубови од Кисела… https://t.co/D17qip19j6
O_KiselaVoda Се дополнува катастарот на зеленило во Општина Кисела Вода https://t.co/rONmbMELlf