• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

  • Општина Кисела Вода сади нови 67 дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови 67 разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.

 

 

Насловна

Младинките на ЖОК „Јанта Волеј“ направија голем успех

Одбојкарките на ЖОК „Јанта Волеј“ од Кисела Вода на финалниот турнир во женска одбојка во јуниорска конкуренција У-18 направија голем успех.

На ова натпреварување клубот од Кисела Вода го совлада „Работнички Скопје“, со резултат 2:0, а  „Наковски Волеј“ од Струмица го победи „Пелистер“  со 2:0.

Во борбата за првото место „Јанта Волеј“ го победи „Наковски Волеј“ од Струмица со 3:1, а во пресметката за третото место „Пелистер“ го совлада „Работнички Скопје“ со 2:0.

-Многу сум задоволен од тоа што го освоивме јуниорското првенство. После реконструкцијата на шампионската екипа од минатата година, оваа година им дадовме шанса на младите во нашиот клуб кои успешно ја искористија во целост. Истите настапуваа во сениорска конкуренција и стигнавме до полуфинале каде испаднавме од многу поискусниот „Работнички - жени“. Наредниот викенд играме финален турнир во кадетска конкуренција каде по мое очекување треба да бидеме фаворити. Сакам да се заблагодарам на сите што помогнаа и не поддржаа на овој тежок пат до успехот посебно до градоначалникот Филип Темелковски и одделението за спорт при Општина Кисела Вода, изјави Горан Јаневиќ – Јанта, тренер на ЖОК „Јанта Волеј“.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Деца од градинките и училиштата од Кисела Вода учествуваа на манифестацијата „Скопје цвета“ https://t.co/N0C9doNTFw
O_KiselaVoda На државно првенство во одбојка ООУ „Партенија Зографски“ освои 3 место https://t.co/fWAhJuO63W
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода објави оглас за материјална поддршка на спортски клубови/здруженија и спортски манифестации https://t.co/gwSgAJ6q1q