Насловна
Општина Кисела Вода ги поканува своите жители да бидат дел од годинешните “Пушкинови денови”. Попладнево, во 18 часот, во паркот “Пушкин”, отворен точно пред 10 години, градоначалникот Филип Темелковски и Амбасадорот на Руската Федерациjа во Северна Македониjа Сергеј Баздникин ќе отворат детско игралиште и ќе се обратат, по што ќе следи културно-уметничка програма посветена на одбележувањето на 220 години од раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин.