• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода во соработка со УНДП го реализираше проектот „Се грижиме и ги воспитуваме најмладите“

Општина Кисела Вода во соработка со УНДП четвртта година по ред во рамки на програмата Општинско - корисна работа 2018 година, успешно го реализираше проектот „Се грижиме и ги воспитуваме најмладите“.

Денеска секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски заедно со раководителот на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при Општината, Марјан Спасески на сите ангажирани лица во проектот им доделија потврди за успешно реализиран работен ангажман во рамките на програмата Општинско корисна работа 2018.  

Имено, врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2018 година, Општина Кисела Вода преку програмата Општинско – корисна работа, во  јавните детски градинки и општински основни училишта ангажираше вкупно 27 невработени лица, од кои 10 негуватели, 1 личен асистент и 16 образовни асистенти. Избраните лица во период од 6 до 9 месеци вршеа работни активности преку кои имаа можност да се стекнат со практични искуства и вештини за нивно постепено вклучување на пазарот на трудот.

Носители на активностите на овој голем проект се: Секторот за локален економски развој, Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, Агенцијата и Центарот за вработување.

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре две улици во Кисела Вода без струја https://t.co/ofY9BnoYOw
O_KiselaVoda Нека ни е честит Денот на антифашистичкото востание https://t.co/PTN6LXME7h
O_KiselaVoda Во Кисела Вода започна акција за разубавување на дворовите на училиштата и градинките https://t.co/0cC4tCBlSs