• Проект „Енергетски ефикасни домови“ во Општина Кисела Вода

    Од први септември започнува аплицирањето на жителите на Општина Кисела Вода кои се заинтересирани да бидат дел од проектот

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

  • Општина Кисела Вода го прослави својот 64-ти роденден

    Со низа активности Оштина Кисела Вода го прослави својот 64-ти роденден.

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода со помош на Градот Скопје ја уреди својата територија

Општина Кисела Вода заедно со Градот Скопје спроведе голема акција за уредување на својата територија.

На сите јавни површини исчистен е сметот, целосно измиени се улиците и тротоарите со цистерна, искосени се нараснатите тревни површини, исечени се исушените дрвја кои беа опасност за граѓаните, а исчистени се и поголемите диви депонии. Граѓаните во поставените контејнери на ул. „Ратко Митровиќ“ кај спортската сала, во паркот „Пушкин“ и на крстосницата на ул. „Христо Татрчев“ со ул.„ Дебарска“, поточно кај „Гет кафе“ денеска имаат можност да го одложат својот кабаст отпад.

Со акцијата опфатено беше и санирање на ударните дупки на поголем дел од улиците.

Оваа голема акција Општина Кисела Вода ја изврши со помош на Градот Скопје и неговите јавни претпријатија „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“, „Водовод и канализација“ и комуналната компанија „ЕКО Клуб“. Истите ангажираа голем број работници и сопствена механизација.

За успешно завршување на активностите голем придонес дадоа ангажираните сезонски работници и дел од администрацијата на Општина Кисела Вода.

На акцијата за уредување на територијата на општината присуствуваа градоначалниците на Кисела Вода и Град Скопје, Филип Темелковски и Петре Шилегов. Присутни беа и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, советникот Стамат Стаматовски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамет Шабани.  

- Станува збор за масовно чистење во кое се вклучени сите технички и човечки потенцијали на градот и на јавните градски претпријатија, помогнати од општините. Во секоја општина веќе се поставени по 3 пункта за одлагање кабаст отпад каде што граѓаните ќе можат да го остават својот отпад од ваков тип. Оваа акција ќе биде проследена и со засилен инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање диви депонии на истите места. Можам да кажам дека за првпат во историјата на Град Скопје денеска е напишана првата кривична пријава за неовластено фрлање смет. Станува збор за лице фатено на самото место, на улицата Александар Урдаревски во општината Бутел. Градскиот инспекторат во соработка со Министерството за внатрешни работи изврши увид, земени се сите докази и е поднесена кривична пријава. Нема да правиме компромис со никого кога станува збор за чистотата во нашиот град. За чистотата во нашиот град ќе се грижиме сите заедно, зашто сите заслужуваме да живееме во многу поубаво и почисто Скопје – рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на денешната акција за чистење на улицата „Христо Татарчев“, во Кисела Вода.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, да не фрлаат отпадоци надвор од поставените корпи и контејнери за отпад. 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK