• Проект „Енергетски ефикасни домови“ во Општина Кисела Вода

    Од први септември започнува аплицирањето на жителите на Општина Кисела Вода кои се заинтересирани да бидат дел од проектот

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

  • Општина Кисела Вода го прослави својот 64-ти роденден

    Со низа активности Оштина Кисела Вода го прослави својот 64-ти роденден.

 

 

Насловна

Се обновува ООУ ,,Партенија Зографски“ во Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски изврши увид во активностите за подобрување на условите на учениците и вработените во ООУ ,,Партенија Зографски“.

На третиот спрат во училиштето се работи на целосна реконструкција на тоалетите. Во моментов, во нив се поставуваат нова водоводна инсталација и канализациска мрежа, нови чучавци и казанчиња, подни и ѕидни плочки.

Се работи и на адаптирање на нова училница која ќе биде целосно обложена со гипс картон. Во истата ќе се изработи нова електрична инсталација, ќе се постави ламинат, а старите дрвени прозорци ќе се заменат со нови. Една училница опремена е со нови 15 училишни клупи и 30 столчиња. Во тек е молерисување на влезниот хол, скаличниот простор и првиот спрат.

Со цел за подигнување на квалитетот на хигиената во просториите на училиштето, извршена е набавка на нова машина за чистење на под. 

Покрај ова, во училишниот двор Општина Кисела Вода изработува детско игралиште кое предвидено е во временскиот период од 08:00 до 17:00 часот да го користат најмладите ученици, а од 17:00 до 21:00 часот да биде отворено за сите деца. Дворот збогатен е со нови садници украсен чемпрес. Во ООУ ,,Партенија Зографски“ новата учебна година настава ќе посетуваат 520 ученици.

Согласно заложбите на градоначалникот Филип Темелковски, Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на подобрување на условите во училиштата.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK