• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Јавен повик за вклучување во Програмата за општинско корисна работа за 2019 година

Општина Кисела Вода  и оваа година по петти пат ќе учествува во Програмата Општинско – корисна работа со проектот под наслов „ УЧИМЕ, СЕ ВОСПИТУВАМЕ, ДРУГАРУВАМЕ“.

Проектот се реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Кисела Вода.

 

 Проектот  “УЧИМЕ, СЕ ВОСПИТУВАМЕ, ДРУГАРУВАМЕ” ќе овозможи работно ангажирање со скратено работно време на евидентирани невработени лица за период од девет месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Се работи за ангажман од дваесет работни часови неделно, при што за време на истиот, статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани општинско-корисната работа, се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-          долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)          

-          млади лица до 29 години

-          лица постари од 50 години

-          самохрани родители

-          родители на деца со пречки во развојот

-          родители на 3 и повеќе деца

Заинтресираните невработени лица, Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Општина Кисела Вода во периодот од 05.08.2019 година до 16.08.2019 година од 08:30 до 16:30 часот секој работен ден.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Кисела Вода кај лицето Елизабета Јаневска на тел. 02/ 2785-418, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување на Град Скопје  кај лицето Шериф Сума, Центар за социјална работа П.Е КИСела Вода кај лицето Надица недиќ.

Огласот е достапен на веб страницата на Општина Кисела Вода на следниот линк:

КЛИКНИ ТУКА

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Светскиот ден на децата одбележан во Кисела Вода #WorldChildrensDay #UnitedNations https://t.co/bxWbCH02Fc
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски изврши увид во градежните зафати за санација на патот кој води кон Теферич https://t.co/5ra6rTY8Bj
O_KiselaVoda Парковите во Кисела Вода збогатени се со нови високо квалитетни дрва https://t.co/1GswMlaUAV