• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода со мерки за помош на граѓаните од високите температури

Општина Кисела Вода ги релизира добиените препораки од Владата на Република Северна Македонија врз база на податоците од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, кои велат дека во следните седум дена почнувајќи од четврток 08.08.2019 година, сѐ до 14.08.2019 година, територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза. Интензивирани се активностите во рамки на веќе отпочнатиот проект  ,,Топлотен бран - Заштита и превенција на здравјето на граѓаните од високи температури во летниот период", во кој партнери се Црвениот Крст на Општина Кисела Вода и локалната самоуправа.

Специјално возило на Црвен Крст, со медицински тим, и волонтери на Црвениот крст патролира низ улиците во општина Кисела Вода, по потреба медицински интервенираат и ги транспортираат лицата на кои високите температури им предизвикале здравствени проблеми до нивните домови. Воедно, на најфреквентните локации во општината се дели вода.

Во поглед на своите вработени, Општина Кисела Вода, согласно дадените препораки од Министерството за здравство врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови ги ослободи од работните обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Воедно, апелираме до сите наши жители да ги следат препораките и во целиот летен период и да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, за кои докторите секојдневно информираат.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Светскиот ден на децата одбележан во Кисела Вода #WorldChildrensDay #UnitedNations https://t.co/bxWbCH02Fc
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски изврши увид во градежните зафати за санација на патот кој води кон Теферич https://t.co/5ra6rTY8Bj
O_KiselaVoda Парковите во Кисела Вода збогатени се со нови високо квалитетни дрва https://t.co/1GswMlaUAV