• Реновирана спортската сала во ООУ “Св. Климент Охридски” во с. Драчево

    Општина Кисела Вода инвестираше во целосна обнова на училишната сала во од ООУ “Св. Климент Охридски”

  • Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија

    Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.

  • Францускиот амбасадор ја посети општината

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние.

  • Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

    Со завршување на градежните активности ООУ Кирил Пејчиновиќ доби нова термоенертетска фасада

 

 

Насловна

,,Дуња“ и ,,Питу“ славеа

Општината Кисела Вода со низа  спортски активности го одбележи Денот на независноста на Република Македонија  “8-ми септември“. Масовноста во училишниот спорт, којзнае по кој пат докажува, дека, општината Кисела Вода е супериорна  на државно ниво во овој проект. 

Највозбудливо беше на фудбалскиот и шаховскиот турнир. Фудбалерите, силите ги одмерија на новото повеќенаменско фудбалско игралиште во МЗ 11-ти Октомври – згради. Овде, интересно е дека победниците се решија дури по изведувањето на пеналите. Во финалето, ОУ ,,Невена Георгиева - Дуња“ славеше со 3:2.  Сигурни пеналџии за  ,,Дуња“ беа Н. Андрески, А. Магдевски и Д. Спасовски. Во регуларниот дел средбата заврши 2:2.

Во натпреварот за третото место, пак,  ОУ ,,Кузман Шапкарев“ славеше над ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ“ со 7:6. Во регуларниот тек средбата заврши без голови, додека во ,,пенал рулетот“ поуспешни беа гостите од Драчево.

Возбудливо беше и на шаховскиот турнир.  Приматот во екипната конкуренција го освоија шахистите на ОУ ,,Кузман Јосифовски - Питу“ со освоени 7,5 поени, пред своите врсници од ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ“ со 7 и ОУ ,,Партенија Зографски“ со 6,5 поени. Во поединечна конкуренција,  најуспешен шахист беше Јован Смилевски (ОУ К.Ј.Питу), второпласиран беше Матеј Кутиров (ОУ Ќ. Пејчиновиќ) додека третото место му припадна на Никола Георгиевски (ОУ П.Зографски). Покровител на спортските натпревари беше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ, а победниците беа наградено со пехари и дипломи.  

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Денес дел од ул. Сердарот без струја https://t.co/TAFjbaIUI8
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Еко канал на веб страницата на Општина Кисела Вода https://t.co/NeZRpPo2LZ
24hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето https://t.co/ooFDATKulN