• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Светскиот ден на учителите одбележан во Кисела Вода

Денеска во ООУ „Св. Климент Охридски“ во село Драчево, во општина Кисела Вода се одржа свечена програма по повод Светскиот ден на учителите.

На манифестацијата која започна со интонирање на македонската химна, во прекрасната изведба на музичките точки на учениците уживаа градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, членовите на Советот на Општината, Дарко Филиповски и Весна Бошковска, заменик-министерката на МОН, Елизабета Наумовска, директори на училишта и голем број просветни работници.

За важноста на одбележувањето на 5 Октомври, Светскиот ден на учителите пред големиот број присутни говореа градоначалникот Филип Темелковски, директорката на училиштето, Татјана Бурник, заменик-министерката Елизабета Наумовска и претседателката на Сојузот на просветни работници, Лидија Николовска- Георгиевска.


На крајот на манифестацијата секретарот на Сојузот на просветни работници на Република Северна Македонија, проф. Раско Лозаноски ја прочита одлуката на претседателството на Сојузот, за доделување на благодарници и признанија на најуспешните наставници од сите државни училишта. Дел од наградите обезбеди познатиот сликар и хуманист Живко Поповски - Цветин. Празникот на наставниците со пригодна програма беше одбележан и во останатите училишта во Кисела Вода.
Општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Филип Темелковски продолжува да вложува, да ги подобрува условите на наставниците и учениците во општинските основни училишта.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре две улици во Кисела Вода без струја https://t.co/ofY9BnoYOw
23hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Нека ни е честит Денот на антифашистичкото востание https://t.co/PTN6LXME7h
O_KiselaVoda Во Кисела Вода започна акција за разубавување на дворовите на училиштата и градинките https://t.co/0cC4tCBlSs