Насловна
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита најсветлиот македонски празник, 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ против фашизмот.
На 11 Октомври, 1941 година во Прилеп македонските партизани го извршија првиот организиран напад над фашистичките сили. По овој напад, во сите градови и села беше отпочната сенародната вооружена борба за слобода на Македонија.
Македонскиот народ покрај борбата за својата слобода даде голем придонес во победата над најтемната идеологија на светот, нацизмот и фашизмот.
Во Кисела Вода во чест на учесниците во востанието три училишта ги носат имињата на најистакнатите партизани: Невена Георгиева - Дуња, Кузман Јосифоски - Питу и Васил Антевски - Дрен. Покрај ова, една урбана заедница го носи името на уште еден истакнат учесник во НОБ, Цветан Димов. Со датумот на почетокот на востанието именувани се урбаните заедници 11 Октомври - згради и бараки.
Нека ни е честит празникот.
На фотографијата е Невена Георгиева - Дуња, прва жена партизан во македонските партизански одреди.