Насловна
Делегација од Општина Кисела Вода предводена од градоначалникот Филип Темелковски и претседателот на Совет Дарио Шимиќ, положи свежо цвеќе на споменикот на бранителот Бобан Трпков во Драчево. На денешен ден се одбележуват 18 години од неговото загинување во воениот конфликт во 2001 година.
Во негов спомен вчера, во спортската сала во ООУ Круме Кепески во Кисела Вода се одржа и традиционалниот, осумнаесети по ред Меморијален турнир во мал фудбал, во организација на Здружението на граѓани за спортски, едукативни и хуманитарни активности „Бобан Трпков“. На истиот се натпреваруваа единицата за брзо распоредување, единицата за специјални задачи Тигар, единицата Алфа, одделот за специјални полициски операции, ветераните на ССК и ветераните на ЕСЗ Тигар.
За потсетување, Бобан Трпков беше припадник на Министерството за внатрешни работи. Постхумно беше одликуван со медал за храброст. Општина Кисела Вода по неговата смрт донесе одлука урбаната заедница во населба Драчево да го носи неговото име.