Насловна
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Триесет и првата пленарна седница на 14 ноември 2019 година (четврток) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 30-та пленарна седница
1.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за третиот квартал од 2019 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2019 година до 30.09.2019 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
2.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програма Г10 – локален економски развој со Потпрограма ГД0 – проекти за енергетска ефикасност за 2019 година;
3.Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата од надлежност (В) и Програмата ( В1) – предучилишно воспитување за 2019 година;
4.Предлог-Програма за измена и дополна на Развојна Програма - Програма од надлежност В - предучилишно воспитување и Програма ВА-предучилишно воспитување – капитални трошоци-изградба на нов објект – детска градинка во населба 11 Октомври згради, Општина Кисела Вода за 2019-2021 година;
5.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2019 година;
6.Предлог-Одлука за именување членови во Органот за внатрешна контрола – надзор во ЈДГ “Весели Цветови” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
7.Предлог-Одлука за именување членови во Органот за внатрешна контрола – надзор во ЈДГ “8ми Март” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
8.Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2019 година од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти ,,Кисела Вода КВ,,;
9.Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти ,,Кисела Вода КВ,,;
10.Давање согласност на Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање на користење под закуп на спортски објект;
11.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Мартин Стефановски;
12.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Моме Младеновски;
13.Предлог-Програма од надлежност В -Предучилишно воспитување
и Програма ВА - Предучилишно воспитување капитални трошоци за 2020 година;
14.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во Голема сала за седници – барака 7 – Општина Кисела Вода