Насловна
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор.
Македонските партизани пред 75 години, по повеќе часовни вооружени борби против окупаторските сили на 13 Ноември донесоа слобода и мир во Скопје. Партизанските бригади во борбата против фашистите до конечното ослободување постојано добиваа помош од жителите на градот. Со оваа вооружена борба македонскиот народ уште еднаш докажа дека е страната на цивилизациските вредности.
Одбележувајќи го овој голем ден, се сеќаваме на сите партизани кои со своето херојство се спротивставија на најголемото зло и придонесоа Скопје да се развие во модерна метропола.
Нека ни е честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичка окупација.