• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Во спортската сала „Независна Македонија“ се одржа голем новогодишен настан. ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ од БИОТЕК лабараторија како новогодишен подарок, доби опремување на сензорана соба

Вчера во спортската сала „Независна Македонија“, во Кисела Вода се одржа новогодишен настан насловен: „Распеана волшебна елка“.

Во преполната сала, публиката околу два часа имаше можност да ужива во прекрасните музички и драмски настапи на учениците од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Посебното основно училиште „Златан Сремец“ и ООУ „Невена Георгиева - Дуња“.

Музички настап со учениците имаше и македонската фолк ѕвезда, Боби Спасенцовски.

Покрај преубавите настапи, на настанот, присутните беа изненадени со една многу убава вест. ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ од БИОТЕК лабораторија, како новогодишен подарок доби опремување на сензорана соба.

За оваа цел, директорот на училиштето, Хари Стојановски и генералната директорка на лабораторијата, Анкица Синадинова Базерко во салата потпишаа меморандум за соработка.

Новогодишната манифестацијата со бројните гости ја проследија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ.

 

Директорот на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“, Хари Стојановски благодарници за досегашната успешна соработка им додели на градоначалникот Темелковски, директорот на ОУ „Кочо Рацин“, Јовица Остојиќ и на директорот на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, Горанчо Јакимов.

Денеска во салата на Советот на Општина Кисела Вода се одржа новогодишен настан. Дечињата кои поголемиот дел од денот го поминуваат во објектите „Пепрутка 1 и 2“ на ЈДГ „8 Март“ заедно со своите воспитувачки и негувателки пред присутните ги покажаа своите музичко-ритмички и драмски способности.

На крајот на настанот на децата на вработените во Општина Кисела Вода им беа поделени новогодишни пакетчиња.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa
14hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Се реконструира патот кон излетничкото место Три круши https://t.co/F3S9nkoXUq